Ако првпат користите Tampax, тука сме да помогнеме! Употребата на тампон за прв пат може изгледа застрашувачки, но кога еднаш ќе научите како да го вметнувате, потоа нема да ви изгледа чудно или страшно како на почетокот.
Дали тампонот ќе го собира внатре?
За почеток, сетете се дека вагината е доволно растеглива за да излезе едно бебе, па така нема зошто да се грижите за тампонот. Големината на тампоните зависи од количината течност што може да ја впијат. Доколку не сте сигурни која големина да ја користите, започнете со Regular (Нормална) - повеќето жени ја користат оваа апсорпција. Доколку сакате да почнете со најмалиот тампон додека не откриете која големина ви одговара, употребете ја апсорпцијата Light (Лесна). Ако тампонот протекува за неколку часа, користете една големина повеќе. Ако ви е неудобно при промена на тампонот, намалете за една големина. Овде можете да ги споредете тампоните и нивната големина според вашата менструација.
Дали ќе боли вметнувањето тампон?
Со сигурност ќе ви биде чудно, особено доколку прв пат вметнувате тампон. Но, добро е тоа што воопшто не мора да боли - ти ја имаш контролата. Ако боли, има начини како да го направиш тоа поудобно. Продолжи со читањето!
Чекори како да се вметне тампон
Чекор 1: Измијте ги рацете
Најдобро е да се измијат рацете секогаш со сапун и вода пред и после вметнувањето тампон.
Чекор 2: Извадете го тампонот
Одвиткајте го тампонот и уверете се дека знаете како функционира. Ако досега никогаш навистина не сте виделе тампон, може да изгледа застрашувачки, но самиот тампон е всушност во апликаторот. Тампоните со апликатори го олеснуваат вметнувањето на тампонот во вагината. Некои апликатори се пластични, а некои се картонски, но и двата типа на апликатори може безбедно да се користат. Апликаторот има поголема, надворешна цевка која го држи тампонот, „дршка” каде што го држиш и помала цевка на крајот каде што излегува конецот. Помалата цевка е всушност клипот што го користите за да го поттурнете тампонот во вагината откако ќе го ставите апликаторот. Погледнете го овој дијаграм на апликатор на тампон Tampax Pearl за да ја видите секоја компонента.
Ако користите Tampax Pearl Compak или Tampax Compak тампон (кој е во помало, покомпактно пакување), ќе мора да го повлечете клипот додека да кликне за да функционира. Ако не го слушнете кликнувањето, клипот нема да работи за да го ослободи тампонот од апликаторот.
Чекор 3: Најдете ја вагината
Знаеме дека знаете каде се наоѓа, но толку многу луѓе никогаш навистина не погледнале внимателно за да ја знаат точната позиција. Земете огледало и погледнете за да бидете сигурни дека сте запознаени со вашиот вагинален отвор и каде ќе оди тампонот.
Чекор 4: Опуштете се и подгответе се да го ставите тампонот
Најдете удобна положба која ќе ви овозможи да се опуштите и да стигнете до вагината. Повеќето луѓе седат на wc школката или стојат во малку чучната позиција за да вметнат тампон, но може да се обидете и да легнете или да ја потпрете едната нога на скалило или друга подигната површина (на пр., работ на кадата). Најважно е да земете длабок здив и да ги опуштите сите ваши мускули - ако го стегнете задникот или ги затегнете мускулите околу вагината, нема да може лесно да го вметнете тампонот.
Чекор 5: Поставете го врвот
Држете го тампонот за дршката (помалиот дел веднаш над клипот) и ставете го врвот на апликаторот за тампон на вашиот вагинален отвор.
Чекор 6: Користете го соодветниот агол
Штом врвот е поставен на место, насочете го тампонот кон долниот дел на грбот, а не директно нагоре. Вашата вагина не е под прав агол во телото - таа всушност е малку накривена. Пронаоѓањето на соодветниот агол за вас може да помогне во поудобното вметнување.
Чекор 7: Од врв до дршка
Сега сте подготвени. Полека вметнете го апликаторот за тампон од врвот, па сè до дршката. Кога веќе сте го вментнале доволно навнатре, вашите прсти веројатно ќе ја допираат вулвата (надворешниот отвор на вагината).
Чекор 8: Вметнување
Откако ќе го ставите врвот сè до дршката, користете го показалецот или другата рака за да го турнете клипот до крај во апликаторот и да се ослободи тампонот.
Чекор 9: Отстранете го апликаторот
Откако ќе го турнете клипот до крај, извлечете го апликаторот (и двете пластични парчиња). Конецот ќе биде единственото нешто што ќе остане да виси надвор од вагината.
ТА-ДААМ!
Успеавте! Откако ќе го вметнете тампонот, готови сте. Продолжете да читате за да дознаете како да го отстраните.
Професионален совет за вметнување тампон
Ако ви е непријатно од тампонот и ве тера да се чувствувате како да се тетеравите во одењето, тоа е веројатно затоа што не е доволно внатре во вагината. Во тој случај, со прстот турнете го тампонот навнатре, што обично го поправа ова.
Ако сè уште имате проблеми
Најчеста причина зошто луѓето не можат да го вментат тампонот е вметнувањето под погрешен агол или нервоза и напнување на мускулите околу вагиналниот отвор. Но, ако сте го прилагодиле аголот и се чувствувате прилично опуштено, но сè уште не можете да го вметнете, треба да посетите гинеколог, бидејќи можеби е нешто што бара третман. Обично, тоа е една од двете работи:
Потенцијална компликација: вашиот химен
Вашиот химен може да има одвојување што го отежнува вметнувањето тампон. Хименот е тенок и растеглив прстен од ткиво што го опкружува вагиналниот отвор. Повеќето химени имаат еден отвор во средината што му овозможува на тампонот лесно да помине, но некои имаат многу мал отвор или преграда (појас од ткиво) што делумно го затвора отворот. Во тој случај, потребна е само една многу едноставна процедура што повеќето гинеколози ја прават во ординација откако ќе го отрпнат местото, за да не почувствувате ништо. Тоа е брзо и лесно.
Потенцијална компликација: вагинизмус
Друга причина зошто некои луѓе не можат да вметнат тампон е поради состојба наречена вагинизмус, кога мускулите околу вагиналниот отвор се стегаат толку цврсто што не пропуштаат ништо во вагината. Овие контракции се неволни, односно вие не ги контролирате или дури не сфаќате што се случува. Најчесто, оваа состојба се појавува по повреда или трауматско искуство што може или не мора да ја вклучува и вагината. Вагинизмус не е нешто што можете да го контролирате, но може да исчезне со лекување. Сепак, треба разговор со вашиот гинеколог кој може да ве упати да работите со физиотерапевт за карличното дно - тие можат да направат чуда во лекувањето на вагинизмус.
Најважно - има помош
Ако имате проблем со вметнувањето тампон или чувствувате постојана болка при вметнување, секогаш треба да се консултирате со лекар на кој му верувате. Не страдајте во тишина и не чувствувајте се непријатно затоа што мислите дека е засрамувачки. Ви ветуваме дека не е! Гинеколозите се справуваат со овие проблеми почесто отколку што мислите.
Како да го отстраните тампонот
Сега кога сте знаете како да вметнете тампон, време е да дознаете како да го отстраните. Кога е време да се отстрани тампонот, прво измијте си ги рацете. Потоа најдете удобна положба, опуштете го телото и со раце побарајте го конецот од тампонот. Потоа, со палецот и показалецот, фатете го конецот и полека извлечете го од вагината. Знаеме колку е ова примамливо, но ве молиме не го фрлајте тампонот во wc школката. Тампоните треба правилно да се фрлаат со отпадот од домаќинството. Откако сте го извадиле тампонот, не заборавајте да си ги измиете рацете. Тоа е тоа! Сега знаете како да користите тампон.